| |
O Período Fetal (8 semanas até o Nascimento)
Capítulo 37 9 Semanas: Engole, Suspira e se Estica
|
| |
| Период на плодот којшто
продолжува сè до раѓањето.
|
| До 9 седмици, фетусот
започува да го цица палецот
и може да голта од
амнионската течност.
|
| Фетусот исто така може
да зграби предмет,
движи главата напред
и назад, отвора и
затвора вилицата, движи јазикот,
воздивнува и истегнува.
Нервните рецептори на лицето,
на дланките на рацете,
и на табаните на стопалата
може да осетат лесен допир.
"Како одговор на слаб допир
на табанот на стопалото",
фетусот ги свиткува колкот и коленото,
а може да ги свитка и ножните прсти.
|
| Очните капаци сега се
потполно затворени.
|
| Во ларингсот, појавата на
вокалните лигаменти
означува почеток на
развојот на гласните жици.
|
| Кај женските фетуси,
може да се идентификува матката
и несозреани репродуктивни
клетки наречени оогонии,
коишто се реплицираат
во овариумите.
Надворешните гениталии
започнуваат да се разликуваат
според полот.
|
Capítulo 38 10 Semanas: Revira os olhos e Boceja, Unhas e Impressões Digitais
|
| |
| Брзото растење
помеѓу 9 и 10 седмици
ја зголемува телесната
тежина за преку 75%.
|
| До 10 седмици, стимулација
на горниот очен капак
причинува вртење на окото надолу.
Фетусот се проѕева и често
ја отвора и затвора устата.
|
| Повеќето фетуси го
цицаат десниот палец.
Делови од цревата во папочната врвца
се враќаат во стомачната празнина.
|
| Во повеќето коски
осификацијата е во тек.
|
| Започнува раст на нокти
на рацете и на нозете.
|
| Уникатните отпечатоци на прстите се
појавуваат 10 седмици по оплодување.
Овие шари, во текот на животот, може
да се користат за идентификација.
|
Capítulo 39 11 Semanas: Absorve Glicose e Água
|
| |
| До 11 седмици
носот и усните се целосно оформени.
Како и секој друг дел од телото,
нивниот изглед ќе се
менува на секоја етапа
од човековиот животен циклус.
|
| Цревата започнуваат да
апсорбираат гликоза и вода
што фетусот ги голта.
|
| Иако полот е одреден
при оплодувањето,
надворешните гениталии
сега може
јасно да се одредат
како машки или женски.
|