| |
Capítulo 40 3 a 4 Meses (12 a 16 Semanas): Papilas Gustativas, Movimento de Mandíbula, Reflexo de Sucção, Percepção dos Primeiros Movimentos do Feto
|
| |
| Помеѓу 11 и 12 седмици
тежината на фетусот се
зголемува за речиси 60%.
Дванаесет седмици го обележуваат
крајот на првата третина,
или триместар, од бременоста.
|
| Одделни рецептори за вкус сега ја
покриваат внатрешноста на устата.
|
| До раѓањето, рецепторите
за вкус ќе останат
само на јазикот и на
горниот дел на устата.
|
| Перисталтиката на цревата
започнува најрано на 12 седмици
и продолжува во текот
на следните 6 седмици.
Материјата што прва се исфрла од
дебелото црево на фетусот и
новороденчето
се нарекува мекониум.
Составена е од
дигестивни ензими,
протеини и мртви клетки
излачени од дигестивниот тракт.
|
| До 12 седмици, должината
на горните екстремитети
речиси го достигнува конечниот
сразмер со големината на телото.
На долните екстремитети им
е потребно подолго време
да ги достигнат своите
конечни пропорции.
|
| Со исклучок на задниот дел
од телото и врвот на главата,
целото тело на фетусот
сега реагира на слаб допир.
|
| Развојните разлики
што зависат од полот
се појавуваат за првпат.
На пример, женските фетуси
ги движат вилиците
почесто од машките.
|
| За разлика од реакцијата на повлекување
што можеше да се види претходно,
сега, стимулацијата во близина
на устата предизвикува реакција
на свртување кон стимулацијата
и отворање на устата.
Оваа реакција се нарекува
"рефлекс за барање"
и постои и по раѓањето,
помагајќи му на новороденчето
да ја најде мајчината брадавица
во текот на доењето.
|
| Лицето продолжува да созрева
со наталожување на
масно ткиво на образите
а започнува и развојот на забите.
|
| До 15 седмици се појавуваат
основни крвообразувачки клетки
и се мултиплицираат во коскената срж.
Крвните клетки, во најголем
дел се формираат овде.
|
| Иако и ембрионот
стар 6 седмици се движи,
бремената жена за првпат ги
чувствува движењата на фетусот
помеѓу 14 и 16 седмици.
Обично, тогаш се вели дека
детето се разбудило.
|