| |
O Período Embrionário (As Primeiras 8 Semanas)
Desenvolvimento Embrionário: As Primeiras 4 Semanas
Capítulo 3 Fertilização
|
| |
| Биолошки кажано,
"човечкиот развој
започнува со оплодување",
кога жената и мажот
ќе комбинираат секој по 23
од своите хромозоми
преку спојување на нивните
репродуктивни клетки.
Женската репродуктивна клетка
вообичаено се нарекува "јајце"
но, точниот термин е ооцит.
Исто така, машката
репродуктивна клетка
е општопозната како "сперматозоид"
но, попрецизен термин е сперматозоон.
По ослободувањето на ооцит
од овариумот на жената
во процес наречен овулација,
ооцитот и сперматозоонот се спојуваат
во еден од јајцеводите,
кои често се нарекуваат
Фалопиеви цевки.
Јајцеводите ги поврзуваат
овариумите на жената
со нејзиниот утерус или матка.
Резултатот е едноклеточен
ембрион - зигот,
што значи "споен во едно".
|
Capítulo 4 DNA, divisão celular e Fator Inicial da Gravidez (EPF)
|
| |
| 46-те хромозоми на зиготот
го претставуваат
единственото прво издание
на комплетниот генетски
запис на новата личност.
Овој главен план се содржи
во тесно извиткани молекули
наречени ДНК.
Тие ги содржат инструкциите
за развојот на целото тело.
ДНК-молекулите личат
на извиткано скалило
познато како двојна спирала.
Пречките на скалилото се
составени од парови молекули,
или бази, наречени гванин,
цитозин, аденин и тимин.
|
| Гванин се спарува
само со цитозин,
а аденин со тимин.
Секоја човечка клетка
содржи околу 3 милијарди
од овие базни парови.
ДНК на една клетка содржи
толку многу информации
што кога би ги претставиле
со печатени зборови,
за да се направи список со само
првата буква на секоја база
ќе треба повеќе од
1,5 милиони страници текст!
Распослана од почеток до крај
должината на ДНК во една човечка
клетка изнесува 3 1/3 стапки
или 1 метар.
|
| Кога би можеле да ја
одвиткаме целата ДНК
во 100-те трилиони клетки
на еден возрасен човек,
таа би се издолжила на
преку 63 милијарди милји.
Ова е пати повеќе од растојанието
Од Земјата до Сонцето и назад.
|
| Околу 24 до 30 часа по оплодувањето,
зиготот ја завршува својата
прва делба на клетките.
Преку процесот митоза,
една клетка се дели на две,
двете на четири и така натаму.
|
| Најрано 24 до 48 часа по
почеток на оплодувањето,
бременоста може да се потврди
со откривање на хормон
во крвта на мајката, наречен
"фактор на рана бременост".
|
Capítulo 5 Estágios Iniciais (Mórula e Blastocisto) e Células Tronco
|
| |
| До 3 или 4 дена по оплодувањето,
клетките на ембрионот што и натаму
се делат добиваат сферична форма
и ембрионот сега се нарекува морула.
До 4 или 5 дена, се формира
шуплина во оваа топка од клетки
и тогаш ембрионот
се нарекува бластоцист.
Клетките во бластоцистот
се нарекуваат внатрешна клеточна маса
и овозможуваат растење на главата,
телото и други структури
витални за човекот во развој.
Клетките во внатрешната
клеточна маса
се наречени основни ембрионални
клетки зашто имаат способност
да формираат над 200 видови клетки
што се содржат во човечкото тело.
|
Capítulo 6 1 a 1½ Semanas: Implantação e Gonadotrofina Coriônica Humana (hCG)
|
| По патувањето низ јајцеводот,
раниот ембрион се вградува
во внатрешниот ѕид
на мајчиниот утерус.
Овој процес, што се нарекува
имплантација, започнува 6 дена
и завршува 10 до 12 дена
по оплодувањето.
Клетките на растечкиот ембрион
започнуваат да лачат хормон
наречен хуман хорионски
гонадотропин или hCG,
супстанција која се открива
со повеќето тестови за бременост.
HCG ги упатува
мајчините хормони
да го прекинат нормалниот
менструален циклус,
овозможувајќи продолжување
на бременоста.
|
Capítulo 7 A Placenta e o Cordão Umbilical
|
| По имплантацијата,
клетките од периферијата
на бластоцистот
иницираат развивање на дел од
една структура наречена плацента,
која служи како посредник
помеѓу мајчините
и ембрионалните
системи за циркулација.
Плацентата пренесува
кислород, хранливи материи,
хормони и лекови од мајката
на човекот во развој;
ги отстранува сите
отпадни материи;
и го спречува мешањето на
мајчината крв со крвта
на ембрионот и фетусот.
Плацентата исто така излачува хормони
и ја оддржува ембрионалната
и телесната температура на плодот
малку повисока од
температурата на мајката.
Плацентата оддржува врска
со човекот во развој
преку садовите
на папочната врвца.
Способноста на плацентата да го
оддржува животот е споредбена
со апаратите во одделенијата
за интензивна
нега во современите болници.
|
Capítulo 8 Nutrição e Proteção
|
| |
| До 1 седмица,
клетките од внатрешната клеточна маса
формираат два слоја наречени
хипобласт
и епибласт.
Од хипобластот се развива
жолчната вреќичка,
што е една од структурите преку кои
мајката го снабдува
со хранливи материи
раниот ембрион.
Клетките од епибластот формираат
мембрана наречена амнион,
во чија внатрешност ембрионот,
а подоцна фетусот
се развиваат сè до раѓањето.
|
Capítulo 9 2 a 4 Semanas: Camadas Germinativas e Formação de Órgãos
|
| |
| До истекот на приближно 2 1/2 седмици,
од епибластот се формирани
3 специјализирани ткива,
или ембрионални слоеви,
наречени ектодерм,
ендодерм,
и мезодерм.
Од ектодермот се развиваат
бројни структури
вклучувајќи го мозокот,
'рбетниот мозок,
нервите,
кожата,
ноктите
и косата.
Од ендодермот се создаваат основата
на респираторниот систем
и дигестивниот тракт,
како и делови од главните органи
како што се црниот дроб
и панкреасот.
Од мезодермот се формираат срцето,
бубрезите,
коските,
'рскавицата,
мускулите,
крвните клетки
и други структури.
|
| До 3 седмици
мозокот се дели на
три примарни делови
наречени голем мозок,
среден мозок
и мал мозок.
Развојот на респираторниот
и дигестивните системи
исто така е во тек.
|
| Штом првите крвни клетки
ќе се појават во жолчната вреќичка,
крвните садови се формираат
низ целиот ембрион
и се развива цевчесто срце.
Речиси веднаш,
срцето коешто забрзано расте
се пресвиткува навнатре
и започнуваат да се развиваат
засебни комори.
Срцето започнува да чука
3 седмици и 1 ден
по оплодувањето.
Системот за циркулација
е првиот телесен систем,
или група на поврзани органи,
што постигнува
функционална состојба.
|
Capítulo 10 3 a 4 Semanas: O Dobramento do Embrião
|
| |
| Помеѓу 3 и 4 седмици,
телесниот распоред веќе се наѕира;
мозокот,
'рбетниот мозок
и срцето на ембрионот
се лесно препознатливи,
исто како и жолчната вреќичка.
Брзиот раст предизвикува
свиткување
на релативно рамниот ембрион.
Овој процес вклучува
еден дел од жолчната вреќичка
во облогата
на дигестивниот систем
и ги формира градите
и стомачната шуплина
на човекот во развој.
|