| |
Desenvolvimento Embrionário: 4 a 6 Semanas
Capítulo 11 4 Semanas: Líquido Amniótico
|
| |
| До 4 седмици
проѕирниот амнион
го опкружува ембрионот
во ќесе исполнето со течност.
Оваа стерилна течност,
наречена амнионска течност,
го заштитува ембрионот од повреди.
|
Capítulo 12 O Coração em Ação
|
| |
| Срцето вообичаено чука
околу 113 пати во минута.
Забележете како срцето
ја менува бојата
како што крвта влегува и излегува
од коморите со секое отчукување.
Просечно, срцето отчукува
54 милиони пати пред раѓањето
и над 3,2 милијарди пати
во текот на 80-годишен животен век.
|
Capítulo 13 O Crescimento do Cérebro
|
| |
| За забрзаниот раст на мозокот
сведочи сменетиот изглед
на големиот мозок,
средниот мозок
и малиот мозок.
|
Capítulo 14 Brotos dos Membros
|
| |
| Развојот на горните и долните
екстремитети започнува
со појавата на нивните
зачетоци до 4 седмици.
|
| До овој период кожата е проѕирна
затоа што е дебела
колку еден слој клетки.
Со здебелување,
кожата ќе ја изгуби проѕирноста,
што значи дека развојот на
внатрешните органи ќе може
да се набљудува
само уште еден месец.
|
Capítulo 15 5 Semanas: Hemisférios Cerebrais
|
| |
| Помеѓу 4 и 5 седмици,
мозокот го продолжува
својот забрзан развој
и се дели на 5 засебни делови.
Главата зафаќа околу 1/3 од
целосната големина на ембрионот.
Се појавуваат мозочни хемисфери,
кои постепено стануваат
најголеми делови од мозокот.
Во функциите што ќе се
контролираат од мозочните хемисфери
се вбројуваат мислење, учење,
помнење, говор, вид,
слух, волеви движења
и решавање проблеми.
|
Capítulo 16 Vias Respiratórias Principais
|
| |
| Во респираторниот систем,
веќе се формирани главните
бронхијални гранки, левата и десната,
а подоцна тие ќе ги поврзат
трахеата или душникот
со белите дробови.
|
Capítulo 17 Fígado e Rins
|
| |
| Забележете како масивниот црн дроб
ја исполнува стомачната шуплина
во близина на срцето.
До 5 седмици бубрезите
се целосно оформени
|
Capítulo 18 Saco Vitelino e Células Germinativas
|
| |
| Жолчната вреќичка содржи
рани репродуктивни клетки
наречени ембрионални клетки.
До 5 седмици
овие ембрионални клетки мигрираат
во репродуктивните органи
што се наоѓаат во близина на бубрезите.
|
Capítulo 19 Placas da Mão e Cartilagem
|
| |
| Исто така, до 5 седмици,
кај ембрионот се развиваат
дланки на рацете,
а до 5 1/2 седмици започнува
формирање на 'рскавицата.
Овде се гледа дланката
на левата рака
и зглобот на 5 седмици и 6 дена.
|