Skip Navigation

DVD Ilustrado Multilíngue

The Biology of Prenatal Development


6 - 8 Semanas


БИОЛОГИЈА НА ПРЕНАТАЛНИОТ РАЗВОЈ

.Македонски [Macedonian]


 

Baixar Versão em PDF  O Que é PDF?
 

Desenvolvimento Embrionário: 6 a 8 Semanas

Capítulo 20   6 Semanas: Movimento e Sensação

До 6 седмици мозочните хемисфери растат непропорционално побрзо од другите делови на мозокот.

Ембрионот започнува да прави спонтани и рефлексни движења. Ваквите движења се потребни за да се поттикне нормален невромускулен развој.

При допир во делот околу устата, ембрионот рефлексно ја повлекува главата.

Capítulo 21   A Orelha Externa e a Formação de Célula Sanguínea

Започнува да се оформува надворешно уво.

До 6 седмици, во црниот дроб започнува формирање на крвните клетки каде што веќе има лимфоцити. Овој вид бели крвни клетки е клучниот елемент за имунолошкиот систем во развој.

Capítulo 22   O Diafragma e os Intestinos

Дијафрагмата, примарниот мускул што се користи при дишењето, во голем дел е формиран до 6 седмици.

Дел од цревата привремено се поместува во папочната врвца. Oвој нормален процес, наречен физиолошка хернијација, прави простор за другите органи што се развиваат во стомакот.

Capítulo 23   Placas da Mão e Ondas Cerebrais

На 6 седмици, дланките нежно се израмнуваат.

Примитивни мозочни бранови се забележани веќе на 6 седмици и 2 дена.

Capítulo 24   Formação do Mamilo

Се појавуваат брадавици по страните на телото кратко пред да стигнат до својата крајна локација, на предниот дел од градите.

Capítulo 25   Desenvolvimento dos Membros

До 6 1/2 седмици може да се разликуваат лакти, прстите започнуваат да се одделуваат, и може да се видат движења на раката.

Формирање на коските, наречено осификација, започнува во клавикулата или клучната коска и во коските на горната и долната вилица.

Capítulo 26   7 Semanas: Soluços e Resposta a Susto

До 7 седмици се забележува икање.

Веќе може да се видат движења на нозете, и Мороовиот рефлекс.

Capítulo 27   O Coração Desenvolvido

Срцето со 4 комори во голема мерка е формирано. Просечно, сега срцето чука 167 пати во минута.

Електричната активност на срцето забележана на 7 1/2 седмици открива шеми на бранови слични на оние кај возрасните.

Capítulo 28   Ovários e Olhos

Кај женскиот пол овариумите може да се идентфикуваат до 7 седмици.

До 7 1/2 седмици, пигментираната ретина на окото лесно може да се види и очните капаци го започнуваат периодот на забрзано растење.

Capítulo 29   Dedos das Mãos e dos Pés

Прстите на рацете се разделени и прстите на нозете се споени само во основата.

Сега дланките можат меѓусебно да се допрат како што можат и стопалата.

Исто така, зглобовите на колената се оформени.
6 - 8 Semanas