| |
Um Embrião de 8 Semanas
Capítulo 30 8 Semanas: Desenvolvimento do Cérebro
|
| |
| На 8 седмици мозокот
е мошне сложен
и зафаќа речиси половина од
вкупната тежина на ембрионот.
Растењето продолжува
со извонредно темпо.
|
Capítulo 31 Característica de Destro e Canhoto
|
| |
| До 8 седмици, 75% од ембрионите
покажуваат доминација на десната рака.
Меѓу останатите 25%,
половина се со доминација
на левата рака, а другата
половина се без претпочитаност.
Ова е најраниот показател на
деснорака или леворака доминација.
|
Capítulo 32 Virar
|
| |
| Во педијатриските учебници е опишана
способноста за "превртување"
што се појавува 10 до
20 седмици по раѓањето.
Меѓутоа, оваа
импресивна координација
се појавува многу порано во
средината со ниска гравитација
на амнионското ќесе
исполнето со течност.
Единствено недостатокот
на јакост потребна
да се надмине повисоката
гравитациска сила
надвор од матката оневозможува
да се превртуваат новороденчињата.
|
| Ембрионот станува
физички поактивен
во ова време.
Движењата може да
бидат бавни или брзи,
единечни или повторливи,
спонтани или рефлексни.
Ротацијата на главата, истегањето на
вратот и контактот дланка - лице
стануваат сè почести.
|
| На допир, ембрионот
реагира со поглед во страна,
движење на вилицата,
движења за зграпчување
и свиткување
на прстите на нозете.
|
Capítulo 33 Fusão da Pálpebra
|
| |
| Помеѓу 7 и 8 седмици,
горните и долните очни капаци
забрзано растат преку очите
и делумно се слепуваат.
|
Capítulo 34 Movimento de Respiração e Micção
|
| |
| И покрај тоа што во
матката нема воздух,
до 8 седмици,
ембрионот повремено
прави движења карактеристични
за дишење.
|
| До ова време,
бубрезите создаваат урина
којашто се испушта во
амнионската течност.
Кај машките ембриони,
тестисите што се развиваат
почнуваат да произведуваат
и лачат тестостерон.
|
Capítulo 35 8 a 9 Meses (32 a 36 Semanas): Formação dos Alvéolos, Segurar com Força, Preferências de Gosto
|
| |
| Коските, зглобовите,
мускулите, нервите
и крвните садови
на екстремитетите
многу личат на оние кај возрасните.
До 8 седмици, епидермисот
или надворешниот слој на кожата,
станува повеќеслојна мембрана,
губејќи голем дел од проѕирноста.
Растат веѓи и почнуваат да се
појавуваат влакна околу устата.
|
Capítulo 36 Resumo das Primeiras 8 Semanas
|
| |
| Осум седмици го означуваат
крајот на ембрионалниот период.
Во ова време,
човечкиот ембрион
пораснал од една клетка
до приближно една милијарда клетки
коишто формираат преку 4.000
различни анатомски структури.
Ембрионот сега има
повеќе од 90% од структурите
што ги имаат возрасните.
|